16 Но, ако некој има намера да се препира околу ова прашање, ниту ние, ниту другите Божји цркви немаме таков обичај.
17 За следното прашање, за кое ќе ви дадам упатства, не можам да ве пофалам, зашто се чини дека вашите собирања предизвикуваат повеќе штета одошто полза!
18 Пред се, слушам, а делумно и верувам во тоа, дека, кога се собирате на богослужби, меѓу вас има подвоеност.
19 Неизбежно е и меѓу вас да се појават групи што ќе се отцепат од вас. Но така ќе се види кој се држи до вистината.
20 Слушам дека кога се собирате на Господовата спомен-вечера
21 секој гледа брзо да си го изеде тоа што го донесол, па еден останува гладен, а друг се опива!
22 Си немате ли вие куќи, па таму да јадете и да пиете? Или сакате да ги презирате сиромашните во Божјата црква!? Што да ви кажам? Зар да ве фалам? За тоа не можам да ве пофалам!