29 Зашто, оној што зема учество во спомен-вечерата Господова, а нема правилна вера, разбирање и почит спрема телото на Господ, си навлекува осуда врз себе!
30 Затоа меѓу вас има многу слаби и болни, а некои дури и починаа.
31 Кога самите себеси би се преиспитувале, не би биле казнувани.
32 А кога Господ не кара и казнува, тоа е за да не поправи, па да не бидеме осудени заедно со неверничкиот свет.
33 Затоа, драги мои, кога се собирате да ја јадете Господовата спомен-вечера, причекувајте се!
34 Ако е некој гладен, нека јаде дома. Така вашите собирања нема да ви носат осуда. А за другите работи, ќе ви дадам упатства кога ќе дојдам.