9 Не беше мажот создаден заради жената, туку жената заради мажот.
10 Затоа жените треба да носат покривала на главата како знак на потчинетост, бидејќи ангелите гледаат.
11 Но според Господ, ниту мажот е независен од жената, ниту жената е независна од мажот.
12 Како што жената потекнува од мажот, така и мажот дошол на свет преку жена, а Создател на се што суштествува е Бог.
13 Кажете сами, дали прилега жена да Му се моли на Бог без покривало на главата?
14 Зар самата природа не ве учи дека на мажот не му прилега да носи долга коса?
15 Од друга страна, за жената долгата коса е украс. Таа и е дадена како еден вид покривало на главата.