1 А сега, драги пријатели христијани, сакам да ви напишам нешто и за духовните дарби, односно за даровите што Светиот Дух му ги дава на секој од нас, за да немате погрешна претстава по ова прашање.
2 Знаете дека кога бевте пагани вие бевте заведени и влечени кон обожавање на неми идоли.
3 Затоа сакам да ви кажам како да разликувате дали нешто е навистина од Бог: како што ниеден човек кој е воден од Божјиот Дух не може да Го колне Исуса, така и никој не може да исповеда дека Исус е Господ, доколку не е воден од Светиот Дух.
4 Постојат разни духовни дарби, но сите нив ги дава истиот Дух.
5 Постојат различни начини на кои секој од нас помага во Црквата, но сите ние работиме за истиот Господ.
6 Постојат различни начини на кои Бог дејствува во нашите животи, но преку сите нас работи истиот Бог.