1 Коринтјаните 12:7-13 MNT

7 Преку секој од нас, Светиот Дух дејствува за општа полза на сите.

8 На некои луѓе Светиот Дух им дал дарба мудро да зборуваат, на други им дал особено знаење.

9 Истиот Дух на едни луѓе им дава посебна вера, а на други - дарба да исцелуваат.

10 На некои луѓе им дава моќ да прават чуда, на други да пророкуваат; на некои луѓе им дава способност да распознаваат дали духот што зборува навистина е од Бог или не, на други да зборуваат на различни јазици, а на трети, пак, да преведуваат од различни јазици.

11 Сите овие нешта ги прави единствениот и истиот Свет Дух, Кој ги распоредува даровите онака како што лично Тој ќе реши. Споредба со органите во телото

12 Како што едно живо тело е составено од многу органи и сите тие многубројни органи сочинуваат едно исто тело, така е и со Црквата, која е Христово тело.

13 Нас не има Евреи и припадници на други народи, некои од нас се робови, а некои слободни. Сепак Божјиот Дух сите нас не крсти и од нас направи едно тело. Секој од нас го прими истиот Дух.