5 Ќе дојдам кај вас откако најпрво ќе ја посетам Македонија, зашто планирам да патувам преку Македонија.
6 Ќе останам кај вас извесно време, можеби и целата зима, а потоа ќе ме испратите на моето следно патување.
7 Не сакам да ве посетам сега, само на минување, туку сакам, ако Господ допушти, да останам кај вас извесно време.
8 Ќе останам во Ефес се до Духовден,
9 зашто за мене овде се отвори широко поле за работа и се надевам на успех, иако има и многумина што ми се противставуваат.
10 Ако дојде Тимотеј, погрижете се да му обезбедите спокоен престој кај вас, бидејќи и тој работи за Господ, како што работам и јас.
11 Никој да не го потценува, туку испратете го со мир, за да дојде кај мене, зашто јас и браќата го чекаме.