1 Коринтјаните 3:2-8 MNT

2 Ве хранев со млеко, а не со тврда храна, бидејќи се уште не бевте способни да ја примате. За жал, ни сега не сте способни.

3 Се уште сте телесни, како луѓето од овој свет, штом си завидувате и се карате. Зар со тоа не докажувате дека сте исти како луѓето што не се христијани?

4 Едни од вас велат дека се Павлови следбеници, а други дека се следбеници на Аполос. Зар тоа не покажува дека сте како и сите други, телесни луѓе?

5 Кој е Аполос? Кој е Павле? Вреди ли заради нас да се карате? Ние сме само Божји слуги преку кои поверувавте. Секој од нас си ја извршуваше задачата дадена од Господ.

6 Јас сеев, Аполос полеваше, но Бог овозможи семето да порасне.

7 Не треба да се велича ни тој што сее, ни тој што полева, туку Бог, Кој овозможува семето да порасне.

8 Оној што сее и оној што полева работат еднакво важни задачи и секој од нив ќе добие награда соодветна на вложениот труд.