3 Се уште сте телесни, како луѓето од овој свет, штом си завидувате и се карате. Зар со тоа не докажувате дека сте исти како луѓето што не се христијани?
4 Едни од вас велат дека се Павлови следбеници, а други дека се следбеници на Аполос. Зар тоа не покажува дека сте како и сите други, телесни луѓе?
5 Кој е Аполос? Кој е Павле? Вреди ли заради нас да се карате? Ние сме само Божји слуги преку кои поверувавте. Секој од нас си ја извршуваше задачата дадена од Господ.
6 Јас сеев, Аполос полеваше, но Бог овозможи семето да порасне.
7 Не треба да се велича ни тој што сее, ни тој што полева, туку Бог, Кој овозможува семето да порасне.
8 Оној што сее и оној што полева работат еднакво важни задачи и секој од нив ќе добие награда соодветна на вложениот труд.
9 И Аполос и јас работиме за Бог, а вие сте Божја нива, Божја градба, а не наша.