1 Мене и Аполос треба да не сметате за Христови служители на кои им е доверено да раководат со Божјите тајни.
2 А од секој раководител се бара верно да ги извршува поставените задачи.
3 Малку ми значи вашата оценка за мене, или оценката од други луѓе. Јас дури ни самиот не се оценувам.
4 Навистина, совеста ми е чиста, но и тоа не е доволно за да ме оправда. Господ е Тој што ќе ме оценува.
5 Затоа, за ништо не донесувајте конечен суд предвреме, пред да дојде Господ. Тој ќе го изнесе на виделина она што за нас е скриено и невидливо и ќе ги обелодени мотивите на секое срце. Тогаш Бог секого ќе го пофали толку колку што заслужил.