1 Коринтјаните 4:1-6 MNT

1 Мене и Аполос треба да не сметате за Христови служители на кои им е доверено да раководат со Божјите тајни.

2 А од секој раководител се бара верно да ги извршува поставените задачи.

3 Малку ми значи вашата оценка за мене, или оценката од други луѓе. Јас дури ни самиот не се оценувам.

4 Навистина, совеста ми е чиста, но и тоа не е доволно за да ме оправда. Господ е Тој што ќе ме оценува.

5 Затоа, за ништо не донесувајте конечен суд предвреме, пред да дојде Господ. Тој ќе го изнесе на виделина она што за нас е скриено и невидливо и ќе ги обелодени мотивите на секое срце. Тогаш Бог секого ќе го пофали толку колку што заслужил.

6 Драги пријатели, се посочив себеси и Аполос како пример, за да научите што значи поговорката: „Ништо повеќе од она што е напишано во Светото Писмо!“ Не треба да се вообразите, приклонувајќи се кон еден од нас, а понижувајќи го другиот.