1 Коринтјаните 4:7-13 MNT

7 Што ти дава за право да се сметаш за повреден од другите? Што е тоа што го имаш, а да не си го добил од Бога? А ако тоа што го имаш си го добил од Бога, зошто се фалиш со тоа? Зар не се работи за подарок?

8 Веќе се заситивте, се збогативте, и без нас си создадовте свое царство. Камо навистина да создадевте царство, па и ние ќе можевме да владееме заедно со вас!

9 Понекогаш ми се чини дека нас апостолите Бог не поставил последни, како осуденици на смрт, јавно изложени на приказ пред целиот свет - и пред ангелите и пред луѓето!

10 Нас не сметаат за глупави, поради посветеноста спрема Христос, а вас верата во Христос ве направи мудри. Ние сме слаби и понижени, а вие сте моќни и почитувани.

11 Се до овој миг ние сме и гладни и жедни, во партали, тепани, без постојано место на живеење.

12 Работиме до изнемоштеност и се издржуваме од трудот на сопствените раце. Луѓето не навредуваат, а ние ги благословуваме. Не прогонуваат, а ние трпеливо поднесуваме.

13 Не напаѓаат, а ние одговараме со љубезни зборови. Се однесуваат спрема нас како да сме отпадок, како смет исфрлен од сите, се до денешен ден.