1 А сега да ви одговорам на прашањата што ми ги поставивте во вашето писмо. Прво: Да, добро е човек да не се жени.
2 Но, поради опасност од блудства, секој маж треба да има своја жена и секоја жена свој маж.
3 Мажот нека ги исполнува брачните должности спрема својата сопруга, а исто така и жената спрема својот сопруг.
4 Телото на жената не е само нејзино, туку му припаѓа и на нејзиниот сопруг. Исто така и телото на мажот не е само негово, туку и на неговата сопруга.
5 Затоа, не лишувајте се еден од друг, освен, по исклучок, ако така заедно се договорите, и тоа нека биде само за извесно време и со цел да се посветите на молитва. Потоа вратете се на нормалниот интимен живот, за да не ве наведе на искушение Сатаната, користејќи ја вашата невоздржливост.
6 Ова ви го кажувам како нешто што е дозволено, а не како заповед.
7 Би сакал секој човек да биде самостоен, како што сум јас. Но не сме сите исти. Бог некого дарувал да живее во брак, а друг да живее како самец.