20 Секој нека остане во онаа состојба во која бил кога Бог го повикал.
21 Ако си бил роб кога Бог те повикал да поверуваш во Христос, и се уште си роб - не вознемирувај се! Но ако ти се укаже можност да станеш слободен, искористи ја.
22 А за Господ, оној што бил повикан како роб, е слободен, а оној што бил повикан како слободен човек, сега е роб на Христос.
23 Скапо сте платени и сега и едните и другите сте „Христови робови“, и немојте на никој друг да му слугувате!
24 Значи, драги пријатели, секој нека остане во ситуацијата во која ве затекнал Божјиот позив.
25 За девојките немам посебна заповед од Господ, но можам да ви го кажам моето мислење и сметам дека можете да ми верувате како на човек спрема кого Господ покажал милостива благонаклоност.
26 Сметам дека, поради тешкотиите низ кои сега минуваме, добро е човек да остане во состојбата во која е затекнат.