24 Значи, драги пријатели, секој нека остане во ситуацијата во која ве затекнал Божјиот позив.
25 За девојките немам посебна заповед од Господ, но можам да ви го кажам моето мислење и сметам дека можете да ми верувате како на човек спрема кого Господ покажал милостива благонаклоност.
26 Сметам дека, поради тешкотиите низ кои сега минуваме, добро е човек да остане во состојбата во која е затекнат.
27 Ако си во брак, не барај развод, а ако не си, не настојувај да стапиш во брак.
28 Ако сепак стапиш во брак, тоа не е грев. Ако една девојка стапи во брак, тоа не е грев. Но, ќе помине низ многу овоземни неволи од кои се обидувам да ве поштедам.
29 Она што сакам да ви го кажам, драги мои, е дека времето што ни преостанува е кратко: Господ брзо ќе дојде, па малку е важно дали сте во брак или не.
30 Наскоро ќе биде неважно дали сте живееле во тага или во радост, дали сте имале имот или не,