30 Наскоро ќе биде неважно дали сте живееле во тага или во радост, дали сте имале имот или не,
31 дали сте добиле нешто од овој свет или не, бидејќи овој свет, во сегашниот облик, ќе го нема.
32 Би сакал да бидете ослободени од овоземните грижи. Неоженет човек може да му се посвети на Господовото дело, трудејќи се да Му угоди на Господ,
33 а оној што е оженет се грижи и за овоземни работи, бидејќи сака да и угоди и на својата сопруга.
34 Неговото внимание е поделено. На ист начин, и немажена жена или девојка можат да му се посветат на Господовото дело, па така ќе бидат свети и телесно и духовно. Мажената жена, пак, се грижи и за овоземни работи, за да може да му угоди на својот сопруг.
35 Ова ви го пишувам за ваше добро, а не за да ве ограничувам. Само сакам да Му бидете приврзани на Господ со неподелено внимание.
36 Ако некој има девојка во зрели години и смета дека не е убаво да ја остави немажена, нека постапи според своето убедување. Бракот не е грев!