1 А сега, во врска со храната принесена како жртва на идоли. Сите ние имаме некое знаење. Но знаењето создава горделивост, а љубовта е таа што изградува.
2 Ако некој мисли дека многу знае, тој се уште не знае колку што треба да знае.
3 Бог ги познава и ги признава за Свои само оние што имаат љубов спрема Него.
4 Во врска со јадењето на храна што е принесена како жртва на идоли, сите ние знаеме дека идолите не се богови. Постои само еден единствен Бог и освен него друг бог нема.
5 За некои луѓе постојат многу „богови“ и господари, и на небото, и на Земјата.
6 Но ние имаме само еден Бог, нашиот небесен Татко. Тој е Создателот на се и ние за Него живееме. Имаме само еден Господ, и тоа е Исус Христос. Се е преку Него создадено, вклучувајќи не и нас, луѓето.
7 Но ваквото знаење го немаат сите. Некои луѓе се навикнати да почитуваат идоли и да јадат храна принесена како жртва, со што си ја опогануваат својата слаба совест.