1 Коринтјаните 8:3-9 MNT

3 Бог ги познава и ги признава за Свои само оние што имаат љубов спрема Него.

4 Во врска со јадењето на храна што е принесена како жртва на идоли, сите ние знаеме дека идолите не се богови. Постои само еден единствен Бог и освен него друг бог нема.

5 За некои луѓе постојат многу „богови“ и господари, и на небото, и на Земјата.

6 Но ние имаме само еден Бог, нашиот небесен Татко. Тој е Создателот на се и ние за Него живееме. Имаме само еден Господ, и тоа е Исус Христос. Се е преку Него создадено, вклучувајќи не и нас, луѓето.

7 Но ваквото знаење го немаат сите. Некои луѓе се навикнати да почитуваат идоли и да јадат храна принесена како жртва, со што си ја опогануваат својата слаба совест.

8 Храната нема да не приближи до Бог: ништо не губиме ако не јадеме, и ништо не добиваме ако јадеме!

9 Само внимавајте, слободата што ја имате да не им стане повод за духовно разочарување на оние што не се доволно утврдени во христијанската вера.