8 Храната нема да не приближи до Бог: ништо не губиме ако не јадеме, и ништо не добиваме ако јадеме!
9 Само внимавајте, слободата што ја имате да не им стане повод за духовно разочарување на оние што не се доволно утврдени во христијанската вера.
10 Еве што може да се случи: некој христијанин, што смета дека е погрешно да се јаде оваа храна, може да те види во идолски храм како јадеш од принесената храна. Иако ти не го правиш тоа затоа што веруваш во идоли, твојот пример може да го поттикне тој човек да постапи спротивно на својата совест, па и тој да почне да јаде храна принесена како жртва на идоли.
11 Иако ти имаш правилно знаење, твојот пример може да влијае погубно врз друг христијанин. А Христос умре и за него!
12 Грешејќи така против другите христијани, ранувајќи ја нивната слаба совест, вие, всушност, грешите против Христос.
13 Затоа, ако храната што ја јадам наведува некој од моите пријатели да направи грев, ќе престанам да јадам месо до крајот на мојот живот! Не сакам јас да бидам причината некој од моите пријатели христијани да биде наведен на грев!