1 Зар јас немам иста слобода како другите? Зар јас не сум апостол? Зар лично не сум Го видел нашиот Господ Исус? Зар не поверувавте во Господ преку мојот труд?
2 Ако за некои не сум апостол, за вас сигурно сум! Вие сте, всушност, жив доказ дека јас сум апостол на Господ.
3 Мојата одбрана пред оние што го доведуваат во прашање мојот авторитет како апостол гласи:
4 Зар јас и Барнаба немаме право на храна и вода во вашите домови?
5 Зар ние немаме право да се ожениме со христијанки и да ги водиме со нас, како што прават другите апостоли, браќата на Господ, па и Петар?
6 Зар само јас и Барнаба мораме самите да се издржуваме додека проповедаме?