1 Коринтјаните 9:5-11 MNT

5 Зар ние немаме право да се ожениме со христијанки и да ги водиме со нас, како што прават другите апостоли, браќата на Господ, па и Петар?

6 Зар само јас и Барнаба мораме самите да се издржуваме додека проповедаме?

7 Кој војник сам си ги плаќа трошоците на своето служење? Кој одгледува лозје, а не јаде од неговиот род? Кој пасе овци, а не пие млеко од нив?

8 Не го зборувам тоа само од човечка гледна точка. Зар и Божјиот Закон не го вели истото?

9 Во Мојсеевиот Закон е запишано: „Не врзувај му ја устата на добитокот што врши жито.“ Бог сигурно не мисли тука првенствено на добитокот.

10 Зар тоа не е кажано за нас? Како што им следува надомест на оној што ора и на оној што врши, така им следува и на оние што се духовни работници.

11 Ако ние во вас посадивме духовни добра, зар е голема работа ако за возврат добиеме дел од вашите материјални добра?