Дела Ап. 1:20-26 MNT

20 „Во книгата на псалмите стои запишано: ,Домот да му се запусти, никој во него да не живее!‘ и ,Службата негова друг нека ја преземе!‘

21 Затоа треба да одбереме човек што ќе го замени Јуда. Тоа треба да биде некој што беше со нас во текот на целото време, откако Господ Исус дојде, па се додека си замина,

22 некој што беше со нас откако Јован Крстител Го крсти Исуса, па се до денот кога Исус се вознесе на небото. Тој човек треба да биде и очевидец на воскреснатиот Исус, како што сме и ние.“

23 Тогаш предложија двајца: првиот беше Јосиф Барсаба, познат и како Јуст, а вториот беше Матија.

24 Пред да го извршат изборот, се помолија вака: „Господе, ти знаеш што лежи во срцето на секој човек. Покажи ни кого си го одбрал од овие двајца

25 да биде апостол наместо Јуда, кој не изневери и заврши таму каде што припаѓа.“

26 Потоа со ждрепка го одбраа Матија, кој им се приклучи на останатите единаесет апостоли.