Дела Ап. 1:8-14 MNT

8 Но штом Светиот Дух ќе слезе врз вас, вие ќе добиете сила и ќе им проповедате за Мене на луѓето во Ерусалим, во цела Јудеја, во Самарија, и се до крајот на Земјата.“

9 Откако им го рече ова, пред нивните очи Исус почна да се подига кон небото и тие Го гледаа се додека облак не Го скри од нивните погледи.

10 Додека тие со вперени погледи кон небото гледаа како Тој заминува, пред нив се појавија двајца мажи облечени во бело,

11 и им рекоа: „Галилејци, зошто стоите и зјапате во небото? Истиот Исус, Кој пред вашите очи се вознесе на небото, повторно ќе дојде, на истиот начин на кој и замина!“

12 Тогаш апостолите се вратија во Ерусалим. Ова се случуваше на ридот наречен Маслинова Гора. Тој рид е близу до Ерусалим, на оддалеченост помала од еден километар.

13 Влегоа во градот и отидоа во горната соба на куќата каде што редовно престојуваа. Таму беа: Петар, Јован, Јаков, Андреј, Филип, Тома, Бартоломеј, Матеј, Јаков (синот на Алфеј), зилотот Симон и Јуда (синот на Јаков).

14 Сите овие луѓе сложно и редовно се собираа и заедно се молеа. Со нив беа и: Марија (мајката на Исус), повеќе други жени и браќата на Исус.