1 Во градот Цезареја имаше еден римски офицер по име Корнелиј. Тој беше командир на Италијанскиот полк.
2 Беше побожен човек и имаше страхопочит спрема Бог, заедно со сите што живееја во неговиот дом. Делеше многу милостина и постојано Му се молеше на Бог.
3 Еден ден, околу три часот попладне имаше видение: еден Божји ангел дојде кај него и му рече: „Корнелиј!“
4 Ѕурејќи исплашено во него, Корнелиј одговори: „Молам, господине?“ Ангелот му рече: „Бог ги слушна твоите молитви, а и милостината што ја даваш, не остана незабележана.