12 а во него имаше секаков вид четириножни животни, влечуги и птици.
13 Тогаш слушна глас: „Петре! Стани, коли и јади!“
14 „Никако Господе! Јас никогаш досега не сум јадел нешто што е забрането да се јаде според еврејските закони!“ - одговори Петар.
15 Гласот уште еднаш му се јави: „Немој да го сметаш за нечисто она што Бог го исчистил!“
16 Ова се повтори трипати, а потоа платното беше кренато на небото.
17 Петар беше збунет и се прашуваше што може да значи ова видение. Тогаш ги виде луѓето испратени од Корнелиј, кои, прашувајќи, дојдоа до куќата на Симон и стоеја пред портата,
18 прашувајќи дали тука престојува Симон, наречен Петар.