Дела Ап. 10:19-25 MNT

19 Додека Петар уште размислуваше за видението што го имаше, Светиот Дух му рече: „Те бараат тројца мажи.

20 Стани и појди со нив, без да се двоумиш, зашто Јас ги испратив.“

21 Петар слезе кај луѓето и им рече: „Јас сум човекот што го барате. За што сте дојдени?“

22 Тие му одговорија: „Не испрати офицерот Корнелиј. Тој е праведен човек и има страхопочит спрема Бог. За него сите Евреи имаат добро мислење. Тој доби наредба од светиот ангел да те повика во својот дом и да слушне од тебе што имаш да му кажеш.“

23 Потоа Петар ги покани да влезат и ги прими како гости. Утредента, замина со нив, во придружба на неколку христијани од Јопа.

24 Следниот ден стигнаа во Цезареја. Таму го чекаше Корнелиј, кој ги беше викнал своите роднини и блиски пријатели.

25 Кога Петар влегуваше, Корнелиј клекна пред него, искажувајќи му така длабока почит.