Дела Ап. 10:21-27 MNT

21 Петар слезе кај луѓето и им рече: „Јас сум човекот што го барате. За што сте дојдени?“

22 Тие му одговорија: „Не испрати офицерот Корнелиј. Тој е праведен човек и има страхопочит спрема Бог. За него сите Евреи имаат добро мислење. Тој доби наредба од светиот ангел да те повика во својот дом и да слушне од тебе што имаш да му кажеш.“

23 Потоа Петар ги покани да влезат и ги прими како гости. Утредента, замина со нив, во придружба на неколку христијани од Јопа.

24 Следниот ден стигнаа во Цезареја. Таму го чекаше Корнелиј, кој ги беше викнал своите роднини и блиски пријатели.

25 Кога Петар влегуваше, Корнелиј клекна пред него, искажувајќи му така длабока почит.

26 Петар го крена и му рече: „Стани! И јас сум само човек, како што си и ти.“

27 Корнелиј стана, а Петар почна да му зборува. Кога влегоа внатре, Петар виде голем број собрани луѓе.