Дела Ап. 10:42-48 MNT

42 Тој ни заповеда да им проповедаме и да ги уверуваме луѓето дека Исус е Судијата назначен од Бог, и Тој ќе им суди и на живите, и на мртвите.

43 Сите пророци зборуваа за Исус и навестија дека на сите што веруваат во Него им се простуваат гревовите преку вера во Неговото име.“

44 Додека Петар зборуваше, Светиот Дух слезе врз сите што ја слушаа пораката.

45 Христијаните од еврејско потекло, кои го придружуваа Петар, се изненадија кога видоа дека Светиот Дух и духовните дарби им беа дадени и на луѓе што не се Евреи.

46 Тука, пред нивни очи, ги слушаа како зборуваат на туѓи јазици и Го прославуваат Бога. Тогаш Петар рече.

47 „Може ли некој да не им дозволи на овие луѓе да се крстат во вода, кога тие Го примија Светиот Дух исто како и ние!?“

48 Така Петар им заповеда да бидат крстени во името на Исус Христос. Потоа тие го замолија да остане кај нив уште неколку дена.