5 Испрати сега неколку луѓе во Јопа да го доведат човекот по име Симон, кого уште го викаат и Петар!
6 Тој престојува кај кожарот Симон, чија куќа е крај морето.“
7 Кажувајќи му го ова, ангелот си замина. Корнелиј викна двајца слуги и еден од своите потчинети војници, кој исто така беше побожен човек.
8 Им објасни што се случи и ги испрати во Јопа.
9 Утредента, околу пладне, додека гласниците на Корнелиј патуваа и се приближуваа накај градот, Петар се качи на рамниот покрив за да се моли.
10 Кога огладне, посака нешто да јаде. Додека му го подготвуваа јадењето, тој падна во занес
11 и виде како се отвора небото, и како кон земјата се спушта нешто како големо, ленено платно, врзано на четирите ќошиња,