9 Утредента, околу пладне, додека гласниците на Корнелиј патуваа и се приближуваа накај градот, Петар се качи на рамниот покрив за да се моли.
10 Кога огладне, посака нешто да јаде. Додека му го подготвуваа јадењето, тој падна во занес
11 и виде како се отвора небото, и како кон земјата се спушта нешто како големо, ленено платно, врзано на четирите ќошиња,
12 а во него имаше секаков вид четириножни животни, влечуги и птици.
13 Тогаш слушна глас: „Петре! Стани, коли и јади!“
14 „Никако Господе! Јас никогаш досега не сум јадел нешто што е забрането да се јаде според еврејските закони!“ - одговори Петар.
15 Гласот уште еднаш му се јави: „Немој да го сметаш за нечисто она што Бог го исчистил!“