1 Апостолите и другите христијани во Јудеја разбраа дека и неевреите ја прифатиле Божјата порака.
2 Кога Петар се врати горе, во Ерусалим, некои од Евреите - христијани почнаа да му приговараат,
3 велејќи му: „Си влегол во куќа полна со необрезани луѓе и си јадел со нив!“
4 Тогаш Петар почна да им објаснува што се случи, и им рече:
5 „Бев во градот Јопа. Додека се молев, паднав во занес и имав видение: нешто како големо ленено платно врзано за ќошињата се спушти од небото и дојде до мене.
6 Погледнав во платното и видов разни видови четириножни животни, ѕверови, влечуги и птици.
7 Потоа слушнав глас: ,Петар! Стани, коли и јади!‘