5 „Бев во градот Јопа. Додека се молев, паднав во занес и имав видение: нешто како големо ленено платно врзано за ќошињата се спушти од небото и дојде до мене.
6 Погледнав во платното и видов разни видови четириножни животни, ѕверови, влечуги и птици.
7 Потоа слушнав глас: ,Петар! Стани, коли и јади!‘
8 Јас одговорив: ,Никако, Господи, зашто она што е забрането да се јаде според еврејските закони никогаш не влегло во мојата уста!‘
9 Гласот од небото по вторпат ми проговори: ,Немој да го сметаш за нечисто она што Бог го исчистил!‘
10 Тоа се случи трипати и потоа платното со животните се врати на небото.
11 Веднаш потоа, пред куќата во која престојував, се појавија тројца мажи од Цезареја. Тие беа испратени по мене.