Дела Ап. 12:18-24 MNT

18 Кога се раздени, настана паника меѓу војниците. Не знаеја што се случило со Петар!

19 Ирод испрати потера, но не го најде. Ги испрашуваше и стражарите, но безуспешно, па нареди да ги погубат. Потоа Ирод ја напушти Јудеја и привремено се пресели во Цезареја.

20 Ирод беше во многу лоши односи со граѓаните на Тир и Сидон. Тие се здружија, испратија кај него делегација. Го поткупија Бласт, кој му беше собар, и побараа да склучат мир, бидејќи нивната земја добиваше храна од земјата на царот Ирод.

21 На договорениот ден, Ирод се облече во царска облека, седна на престолот, и му одржа говор на насобраниот народ.

22 Народот одушевено викаше: „Ова е глас на бог, а не на човек!“

23 Во истиот миг ангел Господов го удри со болест, зашто не Му оддаде слава на Бог. Во неговото тело се развија црви од што тој набргу умре.

24 А Божјата порака се пошироко се проповедаше и бројот на христијаните растеше.