Дела Ап. 13:12-18 MNT

12 Кога управникот виде што се случи, поверува, а она што го научи за Господ му остави силен впечаток.

13 Потоа Павле и неговите придружници отпловија од Пафос и дојдоа во пристаништето Перга, во областа Памфилија. Јован се оддели од нив и се врати во Ерусалим.

14 Барнаба и Павле заминаа од Перга и дојдоа во Антиохија, град во областа Писидија.

15 Откако заврши вообичаеното читање од Мојсеевите книги и од Книгите на пророците, водачите на синагогата ги поканија: „Браќа, ако имате некаква порака за народот, излезете и зборувајте!“

16 Тогаш Павле стана, ја подигна раката за да престанат да зборуваат, па рече: “Луѓе, Израелци и сите вие што имате страхопочит спрема Бог, слушнете!

17 Израелскиот Бог ги одбра нашите предци и го издигна нашиот народ во времето кога беше во Египет, и победоносно го изведе оттаму.

18 Речиси четириесет години се грижеше за нив во пустината.