Дела Ап. 13:38-44 MNT

38 Затоа, браќа мои, Радосната вест гласи дека само преку Исус може да ви се простат гревовите! Тој може да го стори она што не е можно да се постигне со придржување кон Мојсеевиот Закон.

39 На секој што верува во Него, ќе му се прости вината, ќе биде оправдан пред Бог! Ова е нешто што не можеше да се добие преку придржување кон Мојсеевиот Закон.

40 Затоа внимавајте да не ве снајде она што е претскажано од пророците:

41 ,Гледајте, вие подбивачи! Стаписајте се и изгинете, зашто она што го правам во вашите дни, немаше да го верувате ако некој ви го раскажуваше!‘“

42 На излегување, луѓето ги молеа и идната сабота да им проповедаат за ова.

43 Кога се разотидоа, многу Евреи и прозелити тргнаа по Павле и Барнаба, кои им зборуваа и ги охрабруваа да Му останат верни на Бог, чија благонаклоност се излеа над нив.

44 Следната сабота речиси целиот град се собра да ја слуша пораката Господова.