Дела Ап. 14:12-18 MNT

12 Почнаа Барнаба да го викаат Зевс, а Павле - Хермес, зашто тој беше главниот говорник.

13 Свештеникот во храмот на Зевс, кој се наоѓаше пред градот, доведе бикови, донесе венци од цвеќиња пред градските порти и заедно со целиот народ сакаше да им принесе жртви на апостолите.

14 Кога слушнаа за ова апостолите Барнаба и Павле, ги раскинаа своите наметки и потрчаа накај народот, викајќи:

15 „Луѓе, што правите!? И ние сме обични луѓе, како вас! Сакаме да ви објавиме Радосна вест: оставете ги овие безвредни обреди и свртете се кон Живиот Бог! Тој ги создаде небото и Земјата, морето и се што е во нив!

16 Во минатото, Тој им дозволи на сите народи да одат по сопствените патишта.

17 Сепак никогаш не ги остави без сведоштво за Себеси, правејќи за нив добродетелства, давајќи им дожд и плодни годишни времиња, давајќи им храна и исполнувајќи ги нивните срца со радост.“

18 Дури и откако им го рекоа ова, одвај ги убедија луѓето да не им принесуваат жртви.