25 Уште еднаш проповедаа во Перга, а оттаму заминаа за Аталија
26 од каде со брод се вратија во сириска Антиохија, град од којшто и го започнаа првото мисионерско патување, со доверба дека Божјата благонаклоност ќе ги води во извршувањето на работата. Таа задача сега беше успешно завршена.
27 Кога пристигнаа во Антиохија, ја собраа целата црква, им раскажаа за се што Бог направи преку нив, и како и на нееврејските народи им ја отвори вратата на верата.
28 Тука останаа подолго време со тамошните христијани.