25 Затоа, откако постигнавме согласност по ова прашање, избравме луѓе што ќе ги испратиме кај вас, заедно со нашите сакани Барнаба и Павле,
26 луѓе што Му ги посветиле своите животи на нашиот Господ Исус Христос.
27 Ги испраќаме Јуда и Сила, кои и усно ќе ви го објаснат ова што ви го пишуваме.
28 Светиот Дух и ние решивме да не ве оптоваруваме со други бремиња, освен со овие неколку нешта, што се неопходни:
29 да не јадете месо што е принесено како жртва на идоли, да не консумирате крв, да не јадете задавени животни и да се пазите од блуд. Доволно е да се придржувате до овие упатства. Бидете поздравени!“
30 Така четворицата испратени заминаа за сириска Антиохија. Таму свикаа собрание на сите христијани и им го предадоа писмото.
31 Луѓето го прочитаа и многу и се израдуваа на неговата содржина.