25 Околу полноќ, Павле и Сила се молеа и со песна Го славеа Бога, а затворениците ги слушаа.
26 Одеднаш силен земјотрес ги измести темелите на затворот; сите врати се отворија и прангите на сите затвореници им паднаа од нозете.
27 Чуварот се разбуди и кога виде дека вратите на затворот се отворени, го извади мечот за да се убие, мислејќи дека затворениците избегале.
28 Тогаш Павле силно викна и му рече: „Немој да се убиваш! Сите сме овде!“
29 Чуварот побара ламба и влезе внатре треперејќи, па клекна пред Павле и Сила.
30 Ги изведе надвор и им рече: „Господа, што треба да сторам, за да се спасам?“
31 Тие му одговорија: „Поверувај во Господ Исус и ќе бидете спасени ти и твоите домашни!“