28 Тогаш Павле силно викна и му рече: „Немој да се убиваш! Сите сме овде!“
29 Чуварот побара ламба и влезе внатре треперејќи, па клекна пред Павле и Сила.
30 Ги изведе надвор и им рече: „Господа, што треба да сторам, за да се спасам?“
31 Тие му одговорија: „Поверувај во Господ Исус и ќе бидете спасени ти и твоите домашни!“
32 Потоа тие нему и на сите што беа во неговиот дом им проповедаа за Господ,
33 а тој, уште ноќта, им ги изми раните и не чекајќи ниту миг беше крстен, и тој и сите негови домашни.
34 Ги одведе горе, во својата куќа, постави пред нив трпеза, па тој и сите негови домашни многу се радуваа што поверуваа во Бог.