Дела Ап. 18:16-22 MNT

16 Потоа ги избрка од судницата.

17 А тие го фатија Состен, кој беше управник на синагогата и го тепаа пред судот, но Галио воопшто не интервенираше.

18 Павле остана во Коринт уште извесно време, а потоа се збогува со тамошните христијани и отплови за Сирија. Со него отпатуваа и Присцила и Акила. (Претходно, во Кенкреја, согласно со еврејските обичаи, Павле си ја беше избричил главата, зашто имаше дадено таков завет.)

19 Кога пристигнаа во пристаништето Ефес, Павле се раздели од своите придружници. Додека беше во Ефес, отиде во синагогата и им проповедаше на Евреите.

20 Тие го замолија да остане кај нив подолго време, но тој не прифати,

21 туку, збогувајќи се со нив, им рече: „Ако даде Бог, пак ќе се вратам кај вас.“ Потоа отплови од Ефес.

22 Дојде до пристаништето Цезареја, се поздрави со луѓето од црквата, па замина за Антиохија.