Дела Ап. 18:18-24 MNT

18 Павле остана во Коринт уште извесно време, а потоа се збогува со тамошните христијани и отплови за Сирија. Со него отпатуваа и Присцила и Акила. (Претходно, во Кенкреја, согласно со еврејските обичаи, Павле си ја беше избричил главата, зашто имаше дадено таков завет.)

19 Кога пристигнаа во пристаништето Ефес, Павле се раздели од своите придружници. Додека беше во Ефес, отиде во синагогата и им проповедаше на Евреите.

20 Тие го замолија да остане кај нив подолго време, но тој не прифати,

21 туку, збогувајќи се со нив, им рече: „Ако даде Бог, пак ќе се вратам кај вас.“ Потоа отплови од Ефес.

22 Дојде до пристаништето Цезареја, се поздрави со луѓето од црквата, па замина за Антиохија.

23 Откако остана извесно време во сириска Антиохија, Павле одново тргна на пат, посетувајќи ги редум христијаните во областите на Галатија и Фригија, за да ги охрабри.

24 Во меѓувреме, во Ефес пристигна еден Евреин по име Аполос. Тој беше родум од градот Александрија, во Египет. Беше вешт говорник и добро ги познаваше Божјите книги.