Дела Ап. 19:13-19 MNT

13 Неколку Евреи што патуваа од место во место и истеруваа демони, се обидоа над обземените од демонски духови да го употребат името на Господ Исус велејќи: „Во името на Исус, Оној за Кого Павле проповеда, ви наредуваме да излезете!“

14 Тоа го правеа седумтемина синови на еврејскиот Првосвештеник Скева.

15 Но демонскиот дух им одговори: „Исус Го знам, а и Павле го знам, но вас не ве знам!“

16 Па го натера човекот во кој беше влезен да се нафрли врз нив и да ги претепа, па тие голи и испоранети избегаа од куќата.

17 За ова дознаа сите што живееја во Ефес, и Евреи и Грци, па ги фати страв и искажуваа голема почит спрема името на Господ Исус.

18 Мнозина од оние што поверуваа доаѓаа и се исповедаа, признавајќи ги своите грешни дела.

19 Дури и некои од оние што се занимавале со магии ги донесуваа своите книги за магии и пред сите ги запалуваа. Цената на запалените книги изнесуваше педесет илјади сребреници.