9 Кога еден дел од нив тврдоглаво одбија да поверуваат и почнаа јавно да зборуваат лоши работи за Христовото учење, Павле ја напушти синагогата, но ги поведе со себе оние што поверуваа во Христа и секојдневно проповедаше во училиштето на Тиран.
10 Ова продолжи во текот на две години, така што сите жители на Азија, и Евреи и Грци, имаа можност да ја слушнат Господовата порака.
11 Бог преку Павле правеше многу необични чуда,
12 така што дури и кога врз болните ќе ставеа шамивче или дел од облека што се допрела до телото на Павле болестите исчезнуваа, а обземените се ослободуваа од демонските духови.
13 Неколку Евреи што патуваа од место во место и истеруваа демони, се обидоа над обземените од демонски духови да го употребат името на Господ Исус велејќи: „Во името на Исус, Оној за Кого Павле проповеда, ви наредуваме да излезете!“
14 Тоа го правеа седумтемина синови на еврејскиот Првосвештеник Скева.
15 Но демонскиот дух им одговори: „Исус Го знам, а и Павле го знам, но вас не ве знам!“