10 во Фригија и во Памфилија, во Египет, во областите на Либија близу до Киренеја, како и гости од Рим
11 (Евреи и прозелити), луѓе од Крит и Арапи, и сите ние ги слушаме како зборуваат на нашите јазици за прекрасните дела што ги извршил Бог!“
12 Зачудени и збунети, еден на друг си велеа: „Што ли значи ова?“
13 Други, пак, се потсмеваа и велеа: „Пијани се! Се изнапиле слатко вино!“
14 Тогаш стана Петар, заедно со другите единаесет апостоли, и гласно им се обрати на насобраните: „Луѓе, Евреи и сите други што живеете во Ерусалим! Ова треба да го знаете! Послушајте ме што ќе ви кажам:
15 Овие луѓе не се пијани, како што некои од вас претпоставуваат, зашто одвај е девет часот наутро.
16 Ова што се случи утрово е исполнување на она што беше претскажано преку пророкот Јоел: