Дела Ап. 2:14-20 MNT

14 Тогаш стана Петар, заедно со другите единаесет апостоли, и гласно им се обрати на насобраните: „Луѓе, Евреи и сите други што живеете во Ерусалим! Ова треба да го знаете! Послушајте ме што ќе ви кажам:

15 Овие луѓе не се пијани, како што некои од вас претпоставуваат, зашто одвај е девет часот наутро.

16 Ова што се случи утрово е исполнување на она што беше претскажано преку пророкот Јоел:

17 ,Во последните денови‘ - вели Бог,ќе излеам од Мојот Дух врз сите луѓе, па ќе пророкуваат синовите и ќерките ваши, момчињата ќе имаат виденија, а старците ќе сонуваат соништа.

18 Во тие денови ќе излеам од Мојот Дух врз сите Мои слуги и слугинки, и тие ќе пророкуваат.

19 Ќе правам чуда горе на небесата и видливи докази долу на Земјата - крв и оган и столбови од чад.

20 Сонцето ќе поцрни, а Месечината ќе се вцрви како крв, пред да дојде тој голем и славен Господов ден.