Дела Ап. 2:38-44 MNT

38 Петар им одговори: „Секој од вас треба да се покае за своите гревови, и да се крсти во името на Исус Христос, за да ви бидат простени гревовите. Потоа ќе ви биде подарен Светиот Дух, а со Него и духовни дарби.

39 Ветувањето што Бог му го даде на Давид се однесува на вас, на вашите деца, како и на неевреите, и на сите што Господ, нашиот Бог, ќе ги повика.“

40 Со овие, и со многу други зборови Петар им проповедаше и ги повикуваше: „Спасете се од ова расипано поколение!“

41 Во тој ден околу три илјади души искрено ги прифатија неговите зборови, па се крстија и се приклучија кон христијаните.

42 Тие се посветија на учење од апостолите, на заедничките собири, на редовно учество на Господовата вечера и на молитви.

43 Кај народот се појави страв, зашто апостолите правеа многу чуда и видливи докази.

44 Сите христијани се здружија и се што имаа им беше заедничко.