Дела Ап. 21:11-17 MNT

11 Дојде кај нас, го зеде појасот на Павле, си ги врза рацете и нозете, па рече: „Вака вели Светиот Дух: ,Сопственикот на овој појас ќе биде вака врзан од Евреите и ќе им биде предаден на Римјаните‘!“

12 Кога го чувме тоа и ние, и христијаните од Цезареја, го молевме Павле да не оди во Ерусалим.

13 Но Павле ни одговори: „Зошто плачете и ми го кинете срцето? Јас сум готов не само да бидам врзан, туку и да умрам во Ерусалим, за името на Господ Исус!“

14 Бидејќи не успеавме да го разубедиме, замолкнавме и си рековме: „Нека биде според волјата Господова!“

15 По ова, се подготвивме и тргнавме кон Ерусалим.

16 Со нас патуваа и неколку христијани од Цезареја и не одведоа на гости кај Мнасон, каде што останавме извесно време. Тој беше од Кипар и беше еден од најпрвите Христови следбеници.

17 Кога стигнавме во Ерусалим, тамошните христијани убаво не пречекаа и се израдуваа.