Дела Ап. 21:21-27 MNT

21 Тие чуле дека ти си ги поучувал Евреите кои живеат меѓу нееврејските народи да го напуштат Мојсеевиот Закон, односно да не ги обрежуваат своите машки деца и да не се придржуваат до обичаите.

22 Што ќе правиме сега? Тие сигурно ќе разберат дека си дошол овде.

23 Затоа ние имаме предлог: меѓу нас има четворица мажи што се заветувале, па се подготвуваат да си ги избричат главите.

24 Оди со нив во храмот и придружи им се во церемонијата на исчистување, плати им да си ги избричат главите и сите ќе знаат дека она што го слушнале не е вистина, туку дека и самиот ти се придржуваш до еврејските закони.

25 Што се однесува до неевреите - христијани, се што ние бараме од нив, веќе им го напишавме во писмо: да не јадат храна наменета како жртва на идоли, да не консумираат крв, да не јадат месо од задавени животни и да се пазат од блуд.“

26 Павле се согласи и веќе следниот ден, заедно со тие луѓе, ја изврши церемонијата на исчистување. Потоа влезе во храмот и го објави датумот кога нивниот завет ќе биде исполнет и кога за секој од нив ќе биде принесена жртва.

27 Токму кога седумте дена беа при крај група Евреи од покраината Азија го видоа Павле во храмот, го фатија, па поттикнаа бунт кај народот,