Дела Ап. 23:13-19 MNT

13 Во заговорот зедоа учество повеќе од четириесет мажи.

14 Тие отидоа кај Првосвештеникот и старешините, па им рекоа: „Ние се заколнавме ништо да не ставаме в уста, се додека не го убиеме Павле.

15 Затоа јавете му на полковникот да го доведе Павле во собранието, божем имате намера поподробно да го испрашувате, а ние, уште пред тој да втаса овде ќе му поставиме заседа и ќе го убиеме.“

16 Но синот на Павловата сестра разбра за овој заговор, па отиде во воената тврдина и му кажа на Павле.

17 Павле викна еден од офицерите и му рече: „Одведи го ова момче кај полковникот. Има нешто важно да му пренесе.“

18 Офицерот го одведе и му рече на полковникот: „Затвореникот Павле ме викна и ме замоли да го доведам ова момче кај вас, зашто имало нешто важно да ви каже.“

19 Полковникот го фати за рака момчето, го одведе настрана и го праша: „Што сакаш да ми кажеш?“