Дела Ап. 23:24-30 MNT

24 Обезбедете за Павле добиток за јавање, за безбедно да го одведете кај гувернерот Феликс.“

25 Потоа напиша писмо за гувернерот, со следнава содржина:

26 „Од Клавдиј Лисиј, до почитуваниот гувернер Феликс. Ве поздравувам!

27 Ви испраќам еден човек кого Евреите го беа фатиле и се подготвуваа да го убијат. Кога дознав дека е римски граѓанин јас отидов со војска и го ослободив.

28 Сакајќи да дознаам за што го обвинуваат Евреите, го изведов пред нивното собрание.

29 Така дознав дека го обвинуваат за работи од нивниот верски Закон, но не беше виновен за нешто што заслужува смртна казна, или затвор.

30 Откако ми беше јавено дека против овој човек се подготвува заговор, со закана да го убијат, веднаш го испраќам кај Вас, а ги известив и оние што имаат обвинение против него да дојдат кај Вас, и таму да ги изнесат своите обвиненија.“